По двата срцеви удари: Луческу е во кома!

5.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По двата срцеви удари: Луческу е во кома!
ФОТО:.facebook.com/NationalaRomanieiOfficial

Крајно лоши вести од Букурешт. Здравствената состојба на поранешниот селектор на романската репрезентација, Мирчеа Луческу (80 години), се влошила во саботата навечер кон недела, според официјалното соопштение испратено од Универзитетската болница за итни случаи во Букурешт (SUUB). Тој е во кома.

Тој беше хоспилитизиран откако се онесвестил за време на тренингот на репрезентацијата во Могошоаја, одржан два дена пред пријателскиот натпревар во Словачка, тренерот доживеал акутен миокарден инфаркт во петокот, истиот ден кога требало да биде отпуштен. Сега, аритмиите се влошиле и Мирчеа Луческу престанал да реагира на третманот, па затоа е префрлен во Одделот за анестезија и интензивна нега (ACU). Мирчеа Луческу, поранешниот селектор на Романија, сега е во сериозна состојба. Неговите аритмии се влошиле синоќа, па лекарите донеле одлука итно да го преместат на одделот за интензивна нега.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата