Лудило на “Хемпден парк“ во Глазгов и победа на Шкотска против Данска од 4:2. Доволно за победа и пласман на СП. На Данците им беше доволно и реми, и го имаа до 90+3.минута кога беше 2:2, а тогаш Тирни и МекЛин во 90+9. за победа од 4:2.
Секоја чест за борбените Шкоти, така се игра фудбал, Данска оди во бараж.
БиХ иако водеше со 0:1 во Виена, сепак на крајот не успеа да оди директно на СП. Таму се “чекираа“ Австријанците.
Таму се и Белгија од нашата група по победата над Лихтенштајн со 7:0, а таму се и Шпанија и Швајцарија.
Европскиот првак дома одигра 2:2 со Турција, а Швајцарија одигра 1:1 кај Косово.

