ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: ПСЖ промашуваше зицери, Барса со играч помалку во Лисабон (ВИДЕО)

5.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: ПСЖ промашуваше зицери, Барса со играч помалку во Лисабон (ВИДЕО)

Скоро и неверојатно е како ПСЖ не успеа да постигне гол во првите 45 минути на дуелот со Ливерпул во осминафиналеното од лигата на шампионите вечерва. Парижани комплетно го надиграа лидерот од Премиерлигата, имаа најмалку три „зицери“, но на полувреме се замина со почетните – 0:0. Ливерпул не покажа ништо од репертоарот по кој е познат оваа сезона, па ако нешто не промени, ПСЖ во второто полувреме ќе биде многу блиску до победа.

Барселона со играч помалку остана на 0:0 по првиот дел на гостувањето кај Бенфика. Каталонците ја имаа таа несреќа да останат без Кубарси кој доби директен црвен картон уште во 22. минута, но домашните не успеаја предноста да ја претворат во водство. Гостите одлично парираа, па останува да се види што ќе се случува во вториот дел.

Единствениот гол во ова полувреме го видовме во Минхен, каде во германската пресметак Баерн води со 1:0 против Баер (Л). Голот беше дело на кејн уште во 9. минута на средбата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата