ЛШ плеј – оф: Без голови во Истанбул, Бодо/Глимт го растури Штурм!

20.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ плеј – оф: Без голови во Истанбул, Бодо/Глимт го растури Штурм!
ФОТО: FC Fenerbahce/FB

Вечерва се одиграа уште четири први натпревари од плеј – офот во Лигата на Шампионите. Секако дека најинтересно беше во Истанбул, каде Фенербахче ја дочека Бенфика. Иако тимот на Мурињо имаше давесетина минути играч повеќе, по исиклучувањето на Флорентино во 71.минута, сепак не успеа да дојде до предност па така овој меч заврпи без голови. Тоа значи дека во Лисабон ќе се решава патникот во Лигата на Шампионите.

Бодо/Глимт славеше со 5:0 на свој терен против Штурм и јасно е дека тимот од Норвешка веќе може да се подготвува за настапите во европската клупска елита.

Натпреварот Базел – Копенхаген заврши со резултат 1:1, а нерешено, но без голови беше и на средбата меѓу Селтик и Каират.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата