ЛШ 1/8 финале: Спектакл во Париз – Дембеле VS Салах, Барса гостува во Лисабон, германско дерби во Минхен…

5.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ 1/8 финале: Спектакл во Париз – Дембеле VS Салах, Барса гостува во Лисабон, германско дерби во Минхен…

Со преостанатите четири средби вечерва продолжуваат возбудувањата од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, првите мечеви. Секако дека дербито се игра на “Паркот на Принцовите“ каде „страшниот“ ПСЖ го дочекува “страшниот“ Ливерпул. Ова се две екипи кои во моментов се во фантастична форма. Тимот на Луис Енрике има десет победи во сите натпреварувања во последните десет меча, а има и 19 победи и едно реми на последните 20 меча.

Ливерпул пак се чини дека веќе ја осигура титулата во Премиерлигата, секако дека Арне Слот го сака и „ушлето“ во ЛШ. Ова ќе биде и дуел меѓу Усман Дембеле и Мохамед Салах.

Спектакл, без дилеми кој ќе започне од 21 часот.

Барселона гостува во Лисабон кај Бенфика а во Минхен се игра германското дерби меѓу Баерн и Баер Леверукузен. И овие два меча се играат од 21 часот.

Од друга страбна пак од 18:45 почнѕува средбата меѓу Феенорд и Интер.

Четири супер интересни меча, за вистинско фудбалско уживање.

Реваншите се играат во вторник.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата