„Лисиците“ победија во дуелот на испаднатите, Ипсвич непоразен кај Евертон

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Лисиците“ победија во дуелот на испаднатите, Ипсвич непоразен кај Евертон

Фудбалерите на Ипсвич извлекоа реми (2:2) на гостувањето кај Евертон во еден од двата попладневни дуели во Премиерлигата.

Со голот на Бето екипата на Евертон поведе во 26. минута, а до 35. минута МекНеил веќе им донесе предност на домашните и од 2:0. Гостите се вратија со голот на Енциско во 41. минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел по голема битка Ипсвич успеа да израмни преку Хирст во 79. минута од мечот.

Лестер со головите на легндара Џејми Варди во 17. минута и на Џордан Ају во 44. минута успеа да дојде до голема предност на мечот со Саутемптон, која подоцна се покажа и како конечен резултат на средбата. „Лисиците“ кои како и нивниот денешен противник се патници во Втората лига, и се израдуваа на петтата сезонска победа.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата