Голема, огромна победа за тимот на Лидс вечерва, кој што со конечни 1:2 на Олд Трафорд го совлада фаворизираниот Манчестер Јунајтед.
Во одличен дуел со многу возбудувања, гостите успеаа да ги освојат трите бода со борбена, пожртвувана и максимална борба.
Херојот секако е швајцарецот Ноа Окафор кој што погоди во петтата минута, па потоа и во 29. за шокантни 0:2.
Потоа на Јунајтед му беше многу тешко да се врати во игра. По паузата домаќинот заигра далеку подобро но пех е црвениот картон на Лисандро Мартинез. И со десетмина Јунајтед притискаше, а во 69. минута Касемиро погоди со глава за 1:2.
И покрај неколкуте стопроцентни шанси на Шешко, Касемиро, Бруно Фернандеш сепак, Манчестер Јунајтед не успеа да се спаси од пораз.
Лидс со овие три огромни бода стигна до бројката на 36. поени и петнаесетто место, додека пак Јунајтед и натаму е трет со 55 поени.
https://streamff.com/v/940b2655

