Ромеро го пропушта клучниот дел од сезоната, Тотенхем во големи проблеми

13.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ромеро го пропушта клучниот дел од сезоната, Тотенхем во големи проблеми
фото: Fabrizio Romano (X)

Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро доживеа сериозна повреда и би можел да биде надвор од терените до крајот на оваа сезона. Ова е голем проблем за екипата на Тотенхем, бидејќи Ромеро е еден од најважните фудбалери во тимот кој во моментов грчевито се бори за опстанок во Премиер Лигата.

Ромеро се повреди на натпреварот против Сандерленд и ја напушти играта во 70-тата минута. Се работи за повреда на коленото која Ромеро ја задоби во судир со голманот на својот тим, Антонин Кински. Се очекува Ромеро да отсуствува од 5-8 недели и најверојатно ова е крај на сезоната за него. Аргентинските медиуми јавуваат дека Ромеро ќе се опорави и ќе биде достапен за настапот на Аргентина на Светското Првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата