Сензационално: Арсен Венгер би можел да биде на чело на ФИФА!

7.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сензационално: Арсен Венгер би можел да биде на чело на ФИФА!
ФОТО: FIFA.COM

Арсен Венгер сериозно ја разгледува можноста да се кандидира за претседател на ФИФА и да се соочи со актуелниот шеф на светската фудбалска централа, Џани Инфантино, на изборите во 2027 година.
Според француското издание „
Л`Екип“, 77-годишниот Французин сè уште не донел конечна одлука, но е се поблиску до влегување во претседателската трка. Се очекува Венгер да даде одговор кон средината на следната недела, откако ќе одржи неколку состаноци со луѓе кои се обидуваат да го убедат да го прифати предизвикот.
Поранешниот долгогодишен менаџер на Арсенал моментално ја извршува функцијата директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА. Неговиот меѓународен авторитет и богатото искуство го прават потенцијален кандидат способен да ги обедини федерациите кои не ја поддржуваат власта на Инфантино.
Според информациите, Венгер ужива значителна популарност во Африка и Азија, а фактот дека не е директно поврзан со управните тела на УЕФА би можел да му донесе и поддршка. Се вели дека и некои од вработените во самата ФИФА ја охрабруваат неговата евентуална кандидатура.
Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, веќе јавно посочи дека Венгер има потребен авторитет и меѓународна слава за да учествува во таква трка.
Претседателските избори на ФИФА се закажани за 18 март 2027 година во Рабат, Мароко, а крајниот рок за поднесување на кандидатури е 18 ноември 2026 година.
Џани Инфантино веќе ја објави својата намера да се кандидира за нов мандат. Доколку Венгер одлучи да учествува и да победи на изборите, се очекува дека поради неговата возраст ќе се ограничи на еден четиригодишен мандат.
Сепак, засега нема официјална кандидатура од Французинот, а неговата конечна одлука се очекува во наредните денови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата