Легендата на Манчестер Јунајтед: Реално само еден фудбалер на Јунајтед би имал место во составот на Тотенхем!

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендата на Манчестер Јунајтед: Реално само еден фудбалер на Јунајтед би имал место во составот на Тотенхем!

Веќе нема дилеми дека уште една сезона е завршена за Манчестер Јунајтед, во поглед на некој си успех во Премиерлигата. Но оваа сезона е посебно тешка зошто овој Јунајтед во моментов се наоѓа на 15.место на табелата.

По поразот од Тотенхем, легендата на клубот од “Олд Трафорд“, Гери Невил, истакна:

Ако ги земете најдобите играчи на Тотенхем, мислам дека само еден од Манчестер Јунајтед би нашол во стартниот состав на тој тим од Лондон. Тоа е само Бруно Фернандеш. Би се двоумел меѓу Кулушевски и Диало, но сепак предност би му дал на Швеѓанецот. Ова не е изјава дадена во лутина или гнев, или некоја емотивна изјава. Ова е вистината колку и да е таа жална за сите во Манчестер Јунајтед. Тажно е ова што се случува со овој клуб“ посочи Гери Невил.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата