Тимот на Челзи се одлучи и покрај завршениот преоден рок да затвори уште еден трансфер. Оној со кој што тинејџерот на Спортинг Лисабон, Џовани Кенда се сели во Лондон за цели 50 милиони евра.
Со тоа што, Кенда ќе остане дел од Спортинг уште цела една сезона и ќе се приклучи на Челзи во 2026 година.
Тој е изразит крилен напаѓач кој што може да игра и на двете страни. Потпиша десумгодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една, а веќе ги мина и лекарските прегледи.
Иако има само 17 години и е роден 2007 година, тој веќе сезонава одигра 43. мечеви на кој што постигна два гола и додаде осум асистенции.