Од терминот од 18:45 часот се одиграа осум средби од првите мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Интересно беше во Болоња, каде истоимената домашна екипа против Рома во италијанската пресметка одиграа 1:1. Домашните поведоа со голот на Бернадески, за да Рома израмни со голот на Пелегрини.
Астон Вила како гости славеше кај Лил со 0:1, а Порто со 1:2 го победи Штутгарт. Пао дома славеше со Бетис со 1:0.
Во ЛК Рајо Ваљекано како гостин го победи Самсунспор со 1:3. Да потсетиме дека и двете екипи и беа ривали на Шкендија оваа европска сезона.
ЛИГА ЕВРОПА
Болоња – Рома 1:1
Лил – Астон Вила 0:1
Панатинаикос – Бетис 1:0
Штутгарт – Порто 1:2
ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ
АЗ Алкмар – Спарта Прага 2:1
Лех – Шахтјар 1:3
Ријека – Стразбур 1:2
Самсунспор – Рајо Ваљекано 1:3

