Консеикао: Разочарувањето е огромно! Поразот е мој!

19.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Консеикао: Разочарувањето е огромно! Поразот е мој!

Тренерот на Милан, Серхио Консеиао, ја изрази својата огорченост поради изненадувачката елиминација на тимот во плеј-офот од Лигата на шампионите по ремито 1-1 на домашен терен со Феенорд.

Португалскиот стручњак ја презеде вината за елиминацијата на „росонерите“, посочувајќи дека не само неговите играчи, туку и тој самиот направил многу грешки.

„Разочарувањето е огромно, сите сме лути. Знаевме дека сме посилни. Направивме грешка во Ротердам и се подготвувавме за победа на овој натпревар. Не видовме како ќе стигнат до нашиот гол и неколку пати пропуштивме втор гол. Ние самите сме виновни и сега треба да размислуваме за првенството. Треба да бидеме посилни и да работиме понапорно. Црвениот картон на Тео Ернандез ја промени играта, бидејќи до тој момент немаа создадено ниту една шанса. Ова е пораз за мене. Претходните години во пет од шест случаи стигнав до 1/8 финалето со Порто. Направив толку многу грешки што не можете да замислите. И моите играчи грешат, но лицето на ова испаѓање е на Серхио Консеисао, а не на Тео“, изјави тренер на Милан. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата