Хумелс: Ќе останам во Дортмунд, но само ако Терзиќ си оди!

11.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хумелс: Ќе останам во Дортмунд, но само ако Терзиќ си оди!

И оваа сезона Борусија Дортмунд на домашна сцена не освои трофеј, сепак сет тоа го компензираше со фантастични игри во ЛШ и пласманот во големото финале, каде реално не можеше против Реал Мадрид.

Дека сепак не е се идеално во клубот, поточно во тимот, говори ултиматумот на Матс Хумелс, една од ѕвездите на Дортмунд до раководството на “милионерите“.

Имено Хумелс незадоволен од тактиката која ја применува тренерот Един Терзиќ, била премногу дефанзивна според него, тој побарал Терзиќ да добие отказ за да тој и натаму биде во тимот.

Сепак тоа нема да го добие, Терзиќ ја доби сета можна поддршка и јасно е дека ќе ја води екипата и следната сезона, а Хумелс ќе мора по вторпат да си оди од “Сигнал Идуна Парк“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата