Холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб МекЕлхени кои го купија велшки Рексам во ноември 2020 година и успеаја од година в година да го донесат до Чемпионшип лигата во Англија, сега го урнаа клупскиот трансфер рекорд.
Холивудските актери тргнаа по потписот на напаѓачот Натан Бродхед од Ипсвич и денеска успеаја да ја финализираат зделката. Доаѓањето на Бродхед во Рексам чини 10 милиони фунти, со што тој стана најскапиот играч на Рексам во историјата.
Претходно најскапиот играч во историјата на Рексам беше Луис О’Брајан, кој беше купен за 3 милиони фунти претходно ова лето.