Дефанзивецот на Црвена Звезда, и воедно и капитен на тимот од Белград, Урош Спајиќ заминува од „Рајко Митиќ“. Се сели во Кина каде што ќе стане дел од тимот на Пекинг Гуан.
Оваа информација ја потврди и самиот клуб, кој што му се заблагодари на Спајиќ за досегашните настапи со желба за понатамошен успех.
Спајиќ е инаку дете на Црвена Звезда кој што по интернационалната кариера се врати во својот матичен клуб, а еве сега повторно заминува за и тоа како добра понуда која што стигна на адреса на клубот.