Како да се задржи Чави: Му се нуди да биде водач на новиот проект во Барса и му се ветува Халанд следното лето!

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како да се задржи Чави: Му се нуди да биде водач на новиот проект во Барса и му се ветува Халанд следното лето!

Иако Чави Ернандез и самиот кажа дека нема дилеми дека по завршување на сезоната тој си оди од Барса, сепак последните информации велат дека раководството на клубот, посебно претседателот Хоан Лапорта имал неколку разговори со својот тренер на кој му понудил да остане во клубот, но со некои промени во однос на неговото влијание.

Имено како прво тој треба да водач на новиот проект во Барселона, што значи дека тој нема да биде одговорен за екипата, туку и за многу други работи во Барселона. Исто така му се ветува дека клубот ќе стори се што може за да во јуни 2025 година го донесе Ерлинг Халанд.

Дли овие ветувања ќе го променат мислењето на Чави останува да се види.

Инаку откако тој објави дека по завршување на сезоната си заминува, неговата Барса во Ла Лига има скор од 7-2-0 а во ЛШ се пласира во 1/4 финалето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата