Јувентус може, сепак, да го задржи Игор Тудор на тренерското место и следната сезона. Тренерот ќе биде сменет само доколку се појави подобар кандидат за тренер на тимот.
Според Џанлука Ди Марцио, клубот од Торино продолжува да ја разгледува кандидатурата за главен тренер, но нема да направи промена по секоја цена.
Јувентус моментално сериозно размислува да го задржи Игор Тудор за следната сезона, а Хрватот дефинитивно ќе го предводи тимот на Светското клупско првенство во САД.
Според изворот, Тудор е многу почитуван од играчите, а одлука за промена ќе се донесе само ако се појави навистина силен кандидат кој може да го убеди менаџментот на нова тренерска промена.