Вистинско богатство: Колку ќе заработува Инзаги во Ал-Хилал?

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вистинско богатство: Колку ќе заработува Инзаги во Ал-Хилал?

Откако денеска и официјално се збогуваше со Интер, Симоне Инзаги веднаш најде нова работа. Инсајдерите веќе објавија вест дека Инзаги се договорил со екипата на Ал-Хилал каде ќе добие „дебел“ договор со кој ќе заработува значително повеќе отколку во Интер.

Според информациите од инсајдерот, Николо Шира, Инзаги ќе добива 25 милиони евра годишно плус бонуси. Договорот ќе важи до 2027 година.

Првиот натпревар на Симоне како тренер на Ал-Хилал би можел да биде натпреварот против Реал Мадрид на Светското клупско првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата