Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

31.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде
фото: Newcastle United (X)

Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу пет милиони евра, а во игра е и опција за откуп.

Интерес за 24-годишниот фудбалер покажува и Борусија Дортмунд, кој бара засилување по тешката повреда на Јанис Константелијас. Волтемаде минатото лето пристигна во Њукасл од Штутгарт за околу 75 милиони евра, а има договор со англискиот клуб до 2031 година. По одличниот старт на „Сент Џејмс Парк“, германскиот репрезентативец постепено ја загуби стартната позиција и сега е на чекор од заминување.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата