Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

31.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20 години во националниот тим.

Меси зад себе остава повеќе од 200 настапи, еден освоен Мундијал и две титули на Копа Америка. Одлуката доаѓа по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина го освои второто место.

„По долго размислување решив да се повлечам од репрезентацијата. Одлуката боли во душата, но чувствувам дека дојде вистинскиот момент. Секогаш давав сè за овој дрес и секогаш ќе ја сакам Аргентина. Се испразнив, немам повеќе што да дадам, а зад мене доаѓаат одлични млади играчи кои заслужуваат да бидат тука“, порача Меси.

Тој им се заблагодари на семејството, соиграчите, тренерите и навивачите за поддршката во текот на кариерата.

„Сега ќе бидам еден од вас, ќе навивам и ќе ја поддржувам Аргентина однадвор“, додаде легендарниот фудбалер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата