Интер го победи Лацио и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Италија!

25.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер го победи Лацио и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Италија!

Интер – Лацио 2:0 е епилогот од вечерашниот четвртфинален меч во Купот на Италија. Шампионот беше подобар, имаше повеќе шанси и со тоа заслужено се пласира во следната рунда.

Момент на средбата на “Меаца“ се случи во 39.минута кога Арнаутович со прекрасен гол, со “бомба“ стрелаше во мрежата на гостите.

Точка на победата на Интер стави Чалханоглу во 77.минута и тоа од пенал.

Во полуфиналето Интер ќе се сретне со Милан, тоа ќе бидат два интересни меча на градските ривали.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата