Има нов договор: Левандовски останува во Барса уште една сезона

12.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има нов договор: Левандовски останува во Барса уште една сезона

Барселона и Роберт Левандовски ќе ја продолжат соработката за уште една сезона.

Актуелниот договор на напаѓачот вклучува клаузула за автоматско продолжување доколку игра на половина од натпреварите во сезоната.

Полјакот би можел да ја достигне таа граница во понеделник кога Каталонците ќе се соочи со Рајо Ваљекано. Сепак, страните се договориле за нов договор без да го чекаат овој момент, пренесува Мундо Депортиво.

Левандовски оваа сезона одигра 33 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна 31 гол. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата