И Германија не е тоа што беше: Големи нереди на мечот Ханса и Динамо Дрезден! Најмалку 50 повредени лица! (ВИДЕО)

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Германија не е тоа што беше: Големи нереди на мечот Ханса и Динамо Дрезден! Најмалку 50 повредени лица! (ВИДЕО)

Дефинитивно и Германија не е таа што беше, пред се мислиме на фудбалска Германија. Вчера во дербито во третата лига во таа земја на средбата Ханса и Динамо Дрезден одиграна во Рошток, се случи невиден скандал, тепачка на стадионот во тој град.

Инаку познато е дека овие два тима некогаш важеа за големи, но сега таворат во пониските лиги иако имаат голема армија фанови зад себе.

Дојде до големи инциденти меѓу двете навивачки групи, имаше и повредини, најмалку 50 лица од кои 13 полицајци. По долгиот прекин мечот е завршен со победа од 1:0 за домашните.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата