Дон Карло: Лука треба да игра во Реал додека тој самиот сака!

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Карло: Лука треба да игра во Реал додека тој самиот сака!

Лука Модриќ уште еднаш покажа дека е легенда на Реал Мадрид. Кога на тимот не му одеше против Џирона, кога Мбапе и Винисиус не можеа да го пронајдат патот до мрежата на гостите, Хрватот стапи на сцена. Со фантастичен гол од далечина, веројатно негов најубав во кариерата му донесе водство на својот тим.

По мечот тренерот Карло Анчелоти имаше само пофални зборови за капитенот:

Модриќ е подарок за фудбалот. Тој треба да игра во Реал додека самиот сака. Тоа што го прави, го прави навистина добро. Имаме среќа што со нас е една вистинска фудбалска легенда. Тој е спектакуларен, немам веќе зборови да го опишам“ посочи Дон Карло.

Инаку по мечот во соблекувалната на Реал влегол и претседателот Флорентинот Перез со цел да им ја честита победата на играчите, а посебни честитки упатил до Модриќ.

По ова јасно е дека Реал и тоа како ќе му го продолжи договорот на Лука Модриќ на уште една година, до јуни 2026.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата