Градот под Везув пред “експлозија“: Наполи на чекор до титула, Интер чека кикс на тимот на Конте!

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градот под Везув пред “експлозија“: Наполи на чекор до титула, Интер чека кикс на тимот на Конте!

Веќе неколку дена во Неапол, во градот под Везув владее вистинска фудбалска лудница која се очекува вечерва нешто пред 23 часот да експлодира. Имаше барање од 400.000 билети за трибините на стадионот “Диего Армандо Марадона“ каде што вечерва Наполи, во меч од 38.коло во Серија А го дочекува Каљари.

Нема веќе дилеми, вечерва се решава кој ќе биде шампион на Италија, кој ќе го освои Скудетото.

Дали ќе се слави на “Марадона“, каде што на трибините ќе има 60.000 фанови во небесно сино кои ја посакуваат четвртата титула во историјата и втора за само три години? Останува да видиме.

Вечерва од 20:45 часот се играат двата меча, најважни сезонава. Тоа се Наполи – Каљари и Комо – Интер. Наполитанците во пресрет на овие мечев имаат 79 бода, а Интер 78.

Ова се математиките:

Наполи е шампион со било каква победа, може да биде шампион и со реми и со пораз, но тогаш Интер не смее да победи.

Интер е шампион ако победи на гости кај Комо, но ќе му треба реми или пораз на Наполи.

Може да се игра мајсторка за титулата, во понеделник, само ако двата тима завршат со ист број бодови, ако во случај Наполи дома биде поразен а Интер дојде до бод во Комо.

Од ова се гледа дека Наполи сам си решава, а Интер чека кикс на тимот на Конте.

Ќе биде ли лудило?

ФОТО: ССЦ Наполи/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата