Арсенал тргнува по потписот на Шешко

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал тргнува по потписот на Шешко

Екипата на Арсенал се вклучува во трката за потписот на Бенџамин Шешко. Младиот словенечки репрезентативец е најновата трансфер мета на „топчиите“.

Управата на Арсенал веќе неколку сезони е во потрага по „класична 9-ка“ која може да биде клучното делче од сложувалката на Микел Артета. Наводно, клубот од Лондон веќе започнал преговори со екипата на Лајпциг за Шешко, кој има откупна клаузула од 80 милиони евра. Шешко е најдобриот стрелец на Лајпциг оваа сезона со 13 погодоци на 33 натпревари.

Освен Шешко на листата на Арсенал се наоѓа и напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокерес.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата