Душан Влаховиќ погоди во првата минута од дуелот на Јувентус против Лече и тоа беше доволно за тимот од Торино да победи на ова гостување со конечни 0:1.
Во буквално првиот напад Јуве реализираше за водство, кое што го задржа до крајот на дуелот.
Во второто полувреме, Влаховиќ односно Калулу погодија но и двата гола беа поништени поради офсајд.
Јуве со оваа победа стигна до 68 бодови од 36 кола и е трет, додека Лече има сеуште и тоа како голем поредизвик пред себе, да се спаси од испаѓање.
Во моментов е на 17 позиција, со 32 бода од 36 меча, а Кремонезе е место подолу, кое што патем води во втора лига со четири бода помалку но и меч помалку во моментов.

