Лео Меси и Кристијано Роналдо ги одбележаа последните две децении. Станува збор за едни од најдобрите фудбалери на сите времиња. Како играчи на Барса и Реал тие мечеви беа епски, а исто така епска беше битката меѓу нов кој ќе ја освои „Златната топка“.
Тие времиња ќе се паметат.
Денови Лионел Меси се посети за неговото соперништво или ривалство со Кристијано Роналдо, кое се карактеризира со меѓусебно почитување. „Тоа е нешто природно во светот на фудбалот. Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид и двајцата се боревме за сè, и на тимско и на индивидуално ниво, па луѓето секогаш нè споредуваа“, рече Меси.
„Но, нашиот однос секогаш беше добар и почитуван и што и да се случи беше очигледно спортско. Немаше ништо друго“, додаде Аргентинецот.
„Не се гледавме често, освен на натпревари и доделување на награди, и секогаш бевме во добри односи. Сега сме во различни фази од нашите кариери, но она што се случи беше прекрасно спортско ривалство“, истакна Аргентинецот.

