ФИФА објави дека првото Светско женско клупско првенство ќе се одржи во 2026

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИФА објави дека првото Светско женско клупско првенство ќе се одржи во 2026

На состанокот во Бангкок, Тајланд, два дена пред почетокот на 74. конгрес на ФИФА, првиот човек на светската фудбалска федерација Џани Инфантино изјави дека во 2026 година ќе почне да се одржува Светското женско клупско првенство.

Инфантино посочи дека овој турнир е од голема важност за развој на женскиот фудбал во светот и да се даде шанса на клубовите да настапуваат на светската сцена. Истото ќе се одржи од крајот на јануари до почетокот на февруари во 2026 година и ќе брои 16 клубови.

Засега не е познато која земја ќе биде домаќин.
Тоа е значајно за женскиот фудбал по огромниот успех на женското СП во Австралија и Нов Зеланд. На тоа првенство имавме два милиони гледачи на стадионите и две милијарди гледачи низ светот. Затоа сметаме дека е време да се фомира ново глобално натпреварување бидејќи националниот тимски фудбал е базиран на клупскиот фудбал“, изјави Инфантино.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата