ФА куп на Англија: Халанд со три гола му покажа кој е кој на Ливерпул

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФА куп на Англија: Халанд со три гола му покажа кој е кој на Ливерпул

Со високи убедливи и суверени 4:0, тимот на Манчестер Сити успеа денеска во рамките од четвртфиналето на ФА купот да слави над Ливерпул и со тоа да се пласира во полуфиналето од ова натпреварување.

Играч на мечот е Ерлинг Халанд кој што успеа да постигне три гола. Од самиот старт на мечот се увиде кој ќе води главен збор, а Сити поведе во 39. минута. Во судиското продолжение Халанд веќе направи 2:0, за да Семењо пет минути во продолжението створи тројна предност.

Халанд за 4:0 во 57. минута, а врвот на трагедијата на Ливерпул денеска е промашениот пенал на Салах во 64. минута.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата