Ништо од Чаби Алонсо: Арне Слот останува на „Енфилд“, а еве кој ќе си оди!

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ништо од Чаби Алонсо: Арне Слот останува на „Енфилд“, а еве кој ќе си оди!
ФОТО: FC Liverpool/FB

По се изгледа дека ништо од Чаби Алонсо на клупата на “Редси“. Имено, последните информации од Островот се дека Арне Слот останува на „Енфилд“, што секако дека е шок за фановите на Ливерпул. Арне Слот е човекот кој наводно ќе остане тренер на Ливерпул следната сезона, а а тој веќе прецртал четири ѕвезди и ги ставил на трансфер листата пред преодниот рок што доаѓа ова лето.

Макл Олисе, Бредли Баркола и Франциско Консеисао се меѓу играчите кои се поврзуваат со доаѓањето на „Енфилд“. Сепак, според новинарите на „Сан“, четири играчи на Ливерпул веќе се “откачени“ Арне Слот. Тоа се Коди Гакпо, Алексис МекАлистер, Џо Гомез и Федерико Киеза, кои ќе играат во други клубови следната сезона.
Освен нив, неизвесна е и судбината на Џонс, Робертсон и Конате.
Кога станува збор за играчите што Слот сака да ги доведе, тие ги споменуваат Балеба од Брајтон, потоа Вортон од Кристал Палас и Андерсон од Нотингем Форест. Тука е и Ентони Гордон од Њукасл, кој исто така би можел да го носи дресот на овој тим од следната сезона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата