Емери: Нам ни одговараат и продолженија и пенали, само да испишеме историја

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Емери: Нам ни одговараат и продолженија и пенали, само да испишеме историја

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека сите во тимот се надеваат дека ќе „испишат историја“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

„Нашата цел е строго да се држиме до планот, да бидеме константни 90 минути. Нашиот план е ако добиеме продолженија или пенали, тоа ќе биде одлично. Имам искуство со пресврти. Позитивни и негативни. Но сега е поинаку. Сакаме да испишеме историја во Астон Вила. Ако сме добри тактички и индивидуално, имаше шанси“, изјави Емери во очекување на утрешниот дуел.

Првиот натпревар меѓу екипите на ПСЖ и Астон Вила во Париз заврши 3:1 во корист на францускиот шампион.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата