Елмас одигра 22 минути: Шампионот ја победи Аталанта и повторно е лидер, барем до утре!

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас одигра 22 минути: Шампионот ја победи Аталанта и повторно е лидер, барем до утре!
ФОТО: SSC Napoli/FB

Вечерва во меч од 12.коло во Серија А, Наполи ја победи Аталанта со 3:1, па така сега со тие 25 бодови повторно е лидер на табелата, барем до утре ако се знае дека Интер и Рома имаат по 24, ама и меч помалку од шампионот.

И веднаш да кажеме дека Елиф Елмас, за разлика од минатите мечеви, на овој не беше стартер и влезе во игра во 68.минита. Имаше во 90.минита одлично изведен корнер, по кој за малку Наполи не постигна уште еден гол.

Инаку Наполи одигра одлично во првото полувреме, а головите беа дело на Нерес во 17. и 38.минута, како и оној на Ланг во 45.минута.

Во второто полувремем Аталанта се “разбуди“, постигна гол преку Скамака бво 52.минута. Следувше голема иницијатива на тимот од Бергамо, неколку шанси, но на крајот сепак беа тие 3:1 за тимот на Антонио Конте.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата