Во 12-то коло од италијанското првенство, екипата на Фиорентина успеа да извади реми на домашен терен против Јувентус – 1:1. Во 14-тата минута Влаховиќ успеа да го измами Марио, влезе во шеснаесетникот и падна, а судијата покажа на белата точка. ВАР ја промени одлуката, по што навивачите на Фиорентина продолжија да го навредуваат Влаховиќ, кој беше нивна цел, па за малку мечот можеше да биде и прекинат.
Филип Костиќ успеа да им донесе предност на гостите од Торино, со голот од околу 20-тина метри, додека на почетокот на вториот дел Фиорентина дојде до 1:1 преку Мандрагора.
Јувентус беше подобар тим во вториот дел од второто полувреме, но до крајот не погоди за победа.

