Во една од највозбурдливите и најефикасните Ел Класико пресметки во Ла Лига, Барселона го совлада Реал (М) со 4:3 и силно зачекори кон освојувањето на 28. титула во шпанското фудбалско првенство. Фудбалерите на двата тима приредија спектакуларен настап, каде што избраниците на Ханси Флик славеа по големиот пресврт, со што практично се реши шампионската трка во шпанското првенство.
Стартот на натпреварот му припадна на „кралскиот клуб“, кој за помалку од 15 минути оствари голема предност од два гола. И двата гола беа дело на Килијан Мбапе, од кои првиот од белата точка.
Следуваше неверојатен одговор од домашните. Ерик Торес реагираше совршено на контактот со топката и ја смести во мрежата во 19-тата минута за 1:2, а не требаше долго време за генијалниот Јамал во 32-та минута да донесе израмнување. Практично веќе во следниот напад, Рафиња правилно ја искористи асистенцијата на Педри и ѝ донесе на Барселона целосен пресврт (3:2). Барса не застана, а големата грешка на Васкез ја искористи Рафиња во последната минута од регуларниот дел на првото полувреме за 4:2.
Мбапе во второто полувреме постигна и трет гол (70’), но до крајот Реал не успеа ниту да израмни. Барса можеше да постигне поубедлива победа доколку голот на Фермин не беше поништен поради офсајд.