Екс-играч на Џенова и на Бока Јуниорс приведен поради кокаин

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс-играч на Џенова и на Бока Јуниорс приведен поради кокаин

Аргентинскиот фудбалер Рикардо Сентурион е позитивен на кокаин во полициска контрола во Буенос Аирес. Поранешниот фудбалер на Бока Јуниорс, италијанската Џенова, бразилски Сао Пауло и уште неколку аргентински клубови се обидел да избега на полициска контрола, меѓутоа полицајците успеале да го пресретнат и да го запрат. Тој бил негативен на алкотестот, но позитивен на тестот за дрога.

Сентурион нема настапи од април, а последен клуб му бил Баракас. Тој неколку пати влегувал во проблеми со полицијата. Во 2018 година поминал на црвено светло на семафор и одбил алкотест, а во 2020 година девојка го обвинила за сексуален напад за време на забава со играчи на Велез Сарсфилд.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата