Дортмунд без проблеми против Вердер

13.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дортмунд без проблеми против Вердер

Екипата на Борусија Дортмунд немаше премногу проблеми вечерва да дојде до нова победа во Бундес лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Вердер Бремен со високи и убедливи 3:0.

По само единаесет минути игра, Шлотербек донесе водство од 1:0, за да на нов подогок се чека дури до 76. кога Забицер погоди за 2:0.

Конечниот резултат го постави Гираси во 83. минута. Дортмунд е втор по 17 кола со 36 бодови.

Во вториот вечерашен дуел Маинц како домаќин обезбеди победа над тимот на Хаиденхаим со конечни 2:1.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата