Еден од тимовите во Ла Лига кој грчевито ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната, Алавес има нов главен тренер.
Шпанскиот клуб објави дека го раскинува договорот со Едуардо Куде, откако се појавија информации дека Аргентинецот ќе ја преземе Ривер Плата.
Новото име на клупата на Алавес ќе биде Кике Санчез Флорес. 61-годишниот стратег, кој е познат по својата работа со Валенсија, Атлетико Мадрид и Хетафе, ќе потпише договор со Алавес до јуни 2028 година.
Клубот од Виторија е на 16-то место во Ла Лига.

