Симеоне: Сакам да играме со Барса и во четвртфиналето на Лигата на шампионите

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Симеоне: Сакам да играме со Барса и во четвртфиналето на Лигата на шампионите
фото: Atlético de Madrid @Atleti (X)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, на прес-конференцијата по синоќешниот реванш натпревар од Купот на Шпанија со Барселона, изјави дека му честитал на Ханси Флик за играта која Барселона ја покажа на мечот кој го доби со 3:0. Атлетико (М) поради победата од 4:0 на првиот меч, на крајот излезе како поуспешен тим од овој двомеч.

„Флик го сподели своето мислење за средбата. Му кажав дека одиграа брилијантно. Се надевам дека ќе можеме да се сретнеме во четвртфиналето на Лигата на шампионите за да ја покажеме нашата најдобра игра уште еднаш“, рече Симеоне.

Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, Барселона ќе игра против Њукасл, а Атлетико ќе игра против Тотенхем.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата