Да се знае кој е кој: Првите овации на “Камп Ноу“, не беа за Јамал, туку… (ВИДЕО)

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Да се знае кој е кој: Првите овации на “Камп Ноу“, не беа за Јамал, туку… (ВИДЕО)
ФОТО: FC Barcelona/FB

Синоќа, по повеќе од две години, Барселона повторно играше на својот “Камп Ноу“ и го победи Атлетик Билбао со 4:0. Сепак, сцената што се случи во десеттата минута е главна тема на социјалните мрежи. Иако “Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реновирање, Барселона доби дозвола да ги игра своите натпревари на овој терен, што навивачите го поздравија со ентузијазам, а вчера дојдоа во голем број да го бодрат својот клуб.
Секако, капацитетот сè уште не е полн поради тековните работи, но вчерашниот натпревар го следеа речиси 50.000 луѓе, што е навистина импресивно.
Барселона не можеше да се врати дома на подобар начин, бидејќи во натпреварот од 13-тото коло од Ла Лига го декласира Атлетик со 4:0 и освои три нови бода. Феран Торес постигна два гола во вчерашната победа, а Роберт Левандовски и Фермин Лопез се запишаа и во листата на стрелци.
Сепак, главна тема на социјалните мрежи е што се случи во воведниот дел од вчерашниот натпревар. Имено, во десеттата минута, трибините почнаа да скандираат „Меси, Меси“, а камерите веднаш го покажаа Жоан Лапорта, за кого тоа беше јасна порака колку навивачите сакаат повторно да го видат Аргентинецот во дресот на Барселона. Меси дури и престојуваше во Барселона минатата недела и тајно го посети “Камп Ноу“, а фотографиите што ги објави на Инстаграм ја воодушевија фудбалската јавност.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата