ПСЖ и со комбиниран тим рутински до трите бода

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ и со комбиниран тим рутински до трите бода
ФОТО: PSG - Paris Saint-Germain/FB

ПСЖ – Авр 3:0 е исходот од вечерашниот меч од Лига 1 во рамките на 13.коло. Со овие три бода, европскиот првак повторно е лидер на табелата во домашниот шампионат.

Мора да се каже дека „светците“ мечот го почнаа со комбиниран состав, познато е дека Луис Енрике има проблеми со повредени играчи. Сепак Ли Канг – Ин во 29.минута му донесе водство на домашниот состав. Во второто полувреме во игра влегоа Баркола, Кварацкелија, Руиз…и се беше полесно.

Следуваше голот на Невес во 62.минута, па потоа и на Баркола во 87.минута за конечни 3:0.

Се на се уште една рутинска победа на составот на Луис Енрике.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата