„Жолтата подморница“ преку Мајорка до четврта победа во низа

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Жолтата подморница“ преку Мајорка до четврта победа во низа
ФОТО: Villarreal CF/FB

Виљареал ја победи Мајорка на свој терен со 2:1 во 13-то коло од шпанската Ла Лига. Ова беше четвртиот лигашки триумф по ред за „жолтата подморница“, која сега е трета на табелата со 29 бода и е -2 зад Реал и Барселона, а +4 пред Атлетико. Секако, Мадрид има натпревар помалку. Мајорка го претрпе седмиот пораз во првенството и е 16-та со 12 бода на своето конто.
Виљареал славеше вечерва, но потешко од очекувањата, а поведе во шестата минута преку Херардо Морено.
Само 120 секунди подоцна, израмни Саму Коста, а потоа следуваше „рововска“ борба до самиот финиш, кога Канаѓанецот Бјукенен „тесно“ ја избегна офсајд стапицата во 83-та минута и го проигра својот сонародник Олувасеи, кој ги постави конечните 2:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата