Асот на Арсенал, Букајо Сака всушност не е блиску до враќање на терените, бидејќи последните денови се врати надежта откако клубот објави негови фотографии во теретана за време на тренинг кампот на тимот во Дубаи.
Според „Сан“, англискиот репрезентативец, кој беше опериран на крајот на декември, би можел да пропушти уште осум недели и да се врати на терените дури кон средината на април. Нема компликации со неговата повреда, но со оглед на сериозноста на повредата, клубот нема да ризикува и ќе чека што е можно подолго за да се осигура дека Сака ќе биде целосно закрепнат.
Откако клубот оваа недела потврди дека Хаверц исто така е надвор од теренот до крајот на сезоната. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета остана само со Леандро Тросар, Рахим Стерлинг и Итан Нуанере на располагање во нападот. Никој од нив не е центарфор, но еден од тројцата ќе мора да ја пополни таа улога. Исто така, можно е Артета секој пат да ги ротира позициите на неговите достапни напаѓачки играчи.