Борусија (Д) на преговори со Рангник: Селекторот на Австрија прифатил да го преземе тимот, но следната сезона

28.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борусија (Д) на преговори со Рангник: Селекторот на Австрија прифатил да го преземе тимот, но следната сезона

Ралф Рангник е главен кандидат за тренерското место во екипата на Борусија (Д). Според германските изданија 66-годишниот стручњак вчера имал средба со преставниците на Борусија (Д) во Салцбург.

Рангник кој се уште е на чело на австриската репрезентација наводно прифатил да биде тренер на „милионерите“, но од почетокот на следната сезона. Се уште се разгледува опцијата и за негово доаѓањето во Дортмунд оваа сезона.

Борусија ја разгледува и кандидатурата на Нико Ковач.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата