Барса го „брка“ Фати на позајмица, тој не сака да замине

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса го „брка“ Фати на позајмица, тој не сака да замине

Барселона по секоја цена сака да го отстрани од составот Ансу Фати и за таа цел имала состанок со неговиот агент Жорге Мендеш од кој изрично е побарано да му најде на Фати нов клуб за следните 6 месеци. 

„Диарио Спорт“ пренесува дека Каталонците го советувале крилниот напаѓач да замине на позајмица до крајот на сезоната за да добие минутажа, но играчот не се согласува. Агентот на 22-годишниот играч разговарал со спортскиот директор Деко и бил запознат со ставт на клубот. Барселона би сакала конечно да го реши прашањето иднината на Фати на лето, кога најверојатно ќе се обиде да го продаде.

Мендеш има понуди за Фати од турски, португалски и шпански тимови, но неизвесно е дали Фати ќе попушти и ќе прифати да замине на позајмица.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата