Близнаците на Дарен Флечер играат за различни репрезентации

27.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Близнаците на Дарен Флечер играат за различни репрезентации

Светот дочека и тоа. Браќа близнаци да бидат капитени на различни репрезентации и одозгора да играат еден против друг. И тоа не било кои близнаци, туку синовите на некогашниот првотимец на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер. Интернационалецот од Шкотска играше повеќе од една деценија на Олд Трафорд, а во 2007 година ги доби близнаците Џек и Тајлер.

И обајцата се ултра талентирани, но едниот одлучи да игра за Шкотска, а другиот за Англија. Родени се во Манчестер, нивната мајка е англичанка, па тоа е и изводливо секако.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата