Барселона нема пари за Исак, Ливерпул е во пол-позиција

24.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона нема пари за Исак, Ливерпул е во пол-позиција

И покрај интересот на Барса за голгетерот на Њукасл, Исак, финансиската состојба на клубот нема да му дозволи да го купи ова лето. Тоа значи дека Ливерпул останува едиствениот вистински кандидат за потписот на Швеѓанецот.

Почетната цена на Исак е околу 90 милиони евра, но финалната ќе зависи од преговорите кои допрва следуваат. Менаџерот на „црвените“, Арне Слот бара да обезбеди млади, а докажани таленти за неговиот проект. Исак, со комбинацијата на моќ, техника и голгетерски инстинкт, е едно од имињата за кои холандскиот тренер размислува дека треба да ја засилат напаѓачка страна во тимот, а и добил уверување од управата дека ќе го поддржат во намерите да се купи ова лето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата