Утре е денот Д за БиХ, но и за Италија. Утре од 20:45 часот во Зеница се игра решавачкиот меч за тоа која од овие две селекции ќе се најде на Мундијалот во Северна и Средна Америка ова лето од 11 јуни до 19 јули.
Во пресрет на утрешниот меч, попладнево на пресот, селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез покрај другото истакна како ќе игра неговата селекција ако поведе, но и ако губи:
„Ако поведеме, ќе го паркираме автобусот пред нашиот гол. Ако изгубиме, ќе го паркираме автобусот пред нивниот гол. Исто така ми се допаѓа што се случува овде. Веќе не е само поддршка, туку едноставно љубовта се враќа на површина и се раѓа за националниот тим, играчите и земјата. Тоа го сметам за најголем успех. Ќе видиме што друго ќе донесат на теренот“ рече селекторот на БиХ.

