“Гатузо е нашата најголема шанса, тој ништо не знае!“

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Гатузо е нашата најголема шанса, тој ништо не знае!“
ФОТО: Nazionale Italiana di Calcio/FB

БиХ е во еуфорија. Селекцијата на оваа земја ја делат само 90 минути или еден меч од учество на СП. Един Џеко и другарите утре треба да слават дома со Италија во Зеница. Во случај да биде така тогаш Италија по третпат во низа нема да игра на СП, а за БиХ тоа ќе биде второ учесто на еден Мундијал по оној во Бразил 2014.

Јасно е дека сега сите нешто што значат во тамошниот фудбал сакаат да кажат нешто, но секако дека најуренебесен коментарот на Никола Никиќ, легендарниот напаѓач на Железничар од средината 80-тите години од минатиот век:

Нашата најголема шанса е Гатузо. Не мислам дека тој знае нешто. Тој беше добар играч, се бореше како лав, но не знам што гледам. Хајдук го водеше, не знам, мислам дека тој е нашата најголема шанса. Тој нема да знае како да ја постави играта, а потоа ние едноставно ќе ги победиме“ изјави Никиќ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата